Номинации и селекција на книги

Изборот за книга на годината секоја година традиционално ќе се одржува во ноември. Во него може да учествуваат книги издадени во периодот помеѓу двата избора, односно од ноември претходната година до месец ноември во тековната година.

Препораките за номинациите за изборот се собираат во периодот кој му претходи на изборот, во текот на октомври. Секој издавач од земјата има можност да испрати свои препораки/предлози, свои книги кои смета дека би можеле да понесат некоја од 10 награди. Потребно е да се пополни пријавата за номинирање и да се поднесе заедно со два примерока од номинираните книги. Откако ќе се соберат сите препораки/предлози, комисијата преминува на селекција.

Номинациите за RCBA наградите се најтесна селекција на сите номинирани книги од сите издавачи во земјата во текот на периодот на номинации кој му претходи на изборот.

Финалната селекција на номинации кои ќе влезат во 9 категории на изборот се прави врз основа на:

  1. популарноста на книгите: меѓу читателите, во библиотеките, во книжарниците, на социјалните медиуми.
  2. бараност на книгите во сите библиотеки во земјата. Во соработка со Универзитетската библиотека, ќе имаме пристап до листата на најизнајмувани книги според COBISS+ за 2020 година и тоа ќе ни помогне во финалната селекција на наслови.
  3. продажба на книгите во книжарниците и онлајн. За селекцијата, исто така ќе ги земеме предвид бројките од продажба на насловите од неколку книжарници и вебшопови.
  4. светската популарност на книгите и нивните рејтинзи на странски сајтови.
  5. популарноста на авторите, освоени награди итн.

Повеќе прашања околу изборот се одговорени на овој линк.

 

RCBAwards - Книга на годината 02 312 2708 info@kniganagodinata.mk