ПРОЧИТАЈТЕ ШТО ПОВЕЌЕ ПРЕД ДА ГЛАСАТЕ!

Image Alt

READER'S CHOICE BOOK AWARDS

или народски кажано, избор на Книга на годината е нешто што отсекогаш недостасуваше на македонската книжевна сцена. Избор на најпопуларните, најдобрите, најбараните, најпродаваните, најсподелуваните, „најзборуваните“, најпрепорачуваните книги во земјата во текот на изминатата година.

Македонските издавачи секоја година преведуваат и издаваат купишта книги, книжарниците се преполни, читателите секогаш се во потрага по the next big thing, по следната книга што „не смее да се пропушти“, секогаш следат странски избори и награди... накратко кажано, се враќаме на онаа старата, „На светот има премногу книги, а премалку слободно време“. Како да знаеме што е навистина добро, што навистина вреди? Како да ги сумираме сите оние рецензии, мислења, препораки и рејтинзи кои македонските читатели на големо ги споделуваат по социјалните медиуми, блоговите, сајтовите, дигиталните книжарници...? Вака се роди потребата од и идејата за изборот на Книга на годината. Избор кој на едно место ќе ги собере сите најдобри (и домашни, и странски) книги издадени во Македонија во текот на изминатата година. И тоа избор во кој главниот глас го има НАЈВАЖНАТА комисија на светот, а тоа се ЧИТАТЕЛИТЕ. Токму затоа и ги нарековме Reader’s Choice Book Awards или Избор на читателите за тоа кои се книги на годината во нашата Македонија.

9 категории, по 15-20 номинации во секоја категорија

Изборот се базира на 9 жанровски категории, по 15-20 номинации во секоја категорија. Тие номинации всушност ќе бидат најтесна селекција на сите номинирани книги од сите издавачи во земјата во текот на периодот на номинации кој му претходи на изборот. Потоа следи масовно онлајн гласање од сите читатели во земјата на база: еден читател може да даде само по еден глас за една книга во секоја категорија. Гласањето трае 10 дена, а потоа стручната комисија ги сумира резултатите и ги објавува победниците.

1. Трилер на годината
3. Романса на годината
4. Историска драма на годината
2. Победник во категорија женска фикција
5. Победник во категорија книга од домашен автор
6. Детска книга на годината
7. Non-fiction книга на годината
8. YA книга на годината
9. Победник во категорија поезија

И една главна сумирана награда за КНИГА НА ГОДИНАТА врз основа на сите освоени гласови во рамки на сите категории, како и дополнителен инпут од:

1) Неколку најголеми библиотеки во земјата
2) Неколку најголеми книжарници и онлајн книжарници
3) И секако, инпут на сите членови од КОМИСИЈАТА за изборот, која ќе спроведе свои истражувања и ќе даде свој глас за Книга на годината.

Речиси 200 номинации одбрани од

стручна комисија

И 10 победници одбрани од најважната комисија на светот:

ЧИТАТЕЛИТЕ!

пријави се

ако сакаш да добиваш новости на мејл

Со внесувањето на мејлот во формата подолу, автоматски стануваш потенцијален добитник на книги во едно од многуте дарувања на RCBA.

RCBAwards - Книга на годината 02 312 2708 info@kniganagodinata.mk