ПРОЧИТАЈТЕ ШТО ПОВЕЌЕ ПРЕД ДА ГЛАСАТЕ!

throwback

Дали се сеќавате каде започна сè?

Сите најстрасни читатели во земјата се собраа на една интернет адреса уште пред повеќе од 10 години. Од еден линк се раширија корените на масовно промовирање на читањето во Македонија, се намножија хард кор читатели, се изродија книжевни групи на Фејсбук, издавачки куќи, книжевни блогови. www.sakamknigi.mk беше порталот за љубители на книги кој собра речиси 100.000 читатели на едно место, порталот кој доби прва награда од МАИ за најголем промотор на читањето во Македонија и кој никогаш не престана да работи на нови идеи за дополнително унапредување на читателската култура. Така се роди и оваа идеја, уште една во организација на САКАМ КНИГИ, која ќе сплотува илјадници читатели од земјата на една адреса секоја година.

Во целосната организација на проектот се вклучени речиси сите издавачи од земјата со свои номинации, сите библиотеки со свој инпут и податоци за фрекфенцијата на изнајмување на книгите, неколку книжарници со свој инпут за продажба, како и голем број промотори на настанот: книжевни групи на Фејсбук, Инстаграм профили за љубители на книги, блогови, портали итн.


И секако, проектот е поддржан од Министерството за култура на република Северна Македонија.

RCBAwards - Книга на годината 02 312 2708 info@kniganagodinata.mk