ПРОЧИТАЈТЕ ШТО ПОВЕЌЕ ПРЕД ДА ГЛАСАТЕ!

a
Info

Прашања околу наградите

FAQ

Најчесто поставувани прашања

На оваа страница се обидовме да одговориме на најчесто поставуваните прашања околу RCBA наградите. Доколку имате прашање на кое не можете да пронајдете одговор овде, пишете ни мејл.

Што е RCBA или Книга на годината?

Reader’s Choice Book Awards (RCBA) или Книга на годината е избор за најпопуларни домашни и преведени книги во земјата во текот на изминатата година.

Кој ги избира најпопуларните книги за наградите?

Изборот за Книга на годината го прави најважната комисија што може да постои: читателите. Сите читатели може да гласаат за своите омилени книги во текот на изборот.

Кој е принципот на гласање?

Секој читател може да гласа само еднаш, односно да даде по еден глас за својата омилена книга во секоја категорија.

Како се бираат победниците?

Победници во секоја категорија се книгите со најмногу освоени гласови на крајот на гласањето.

Како се селектираат номинираните книги?

Номинациите за RCBA наградите ги прави организаторот на изборот, врз основа на:

  1. популарноста на книгите: меѓу читателите, во библиотеките, во книжарниците, на социјалните медиуми.
  2. бараност на книгите во сите библиотеки во земјата. Во соработка со Универзитетската библиотека, ќе имаме пристап до листата на најизнајмувани книги според COBISS+ за 2020 година и тоа ќе ни помогне во финалната селекција на наслови.
  3. продажба на книгите во книжарниците и онлајн. За селекцијата, исто така ќе ги земеме предвид бројките од продажба на насловите од неколку книжарници и вебшопови.
  4. светската популарност на книгите и нивните рејтинзи на странски сајтови.
  5. популарноста на авторите, освоени награди итн.

Дополнително, секој издавач може да испрати свои номинации за селекција на разгледување и оние кои ги исполнуваат условите ќе бидат вклучени во следниот избор.

Јас сум издавач: како можам да номинирам свои книги?

Доколку сметате дека имате наслови кои според популарноста и продажбите заслужуваат да се најдат на листата на Книги на годината, доставете ни Пријава и два примерока од секоја книга што сакате да ја номинирате.

* Книгите кои се собираат во текот на процесот на номинирање се користат за промотивни цели на RCBA наградите и се доделуваат на читатели во рамки на многуте дарувања (giveaways) кои се прават пред и за време на изборот на книга на годината секоја година.

RCBAwards - Книга на годината 02 312 2708 info@kniganagodinata.mk