Image Alt

Reader's Choice Book Awards, 2022

Објавени резултатите од гласањето за Reader’s Choice Book Awards 2021!

Сподели ја љубовта кон книгите

Некоја минута пред полноќ заврши гласањето за Избор на книгa на годината и на www.kniganagodinata.mk се објавени топ 5 книги во секоја категорија според добиени гласови од читатели од целата земја. Финалните резултати детално за секоја категорија може да се видат на линковите на кои досега се гласаше по жанрови (Номинации 2021 во главното мени), а топ 5 книгите со најмногу освоени гласови може да ги погледнете на овој линк.

Набрзо ќе бидат објавени сите награди, односно:

  1. Наградени книги според читателите: Reader’s Choice
  2. Најбарани книги во библиотеките
  3. Посебни награди од комисија
  4. Како и награда за севкупна книга на годината според сите критериуми на Изборот, сите гласови, добиени податоци и останати статистики.

Ви благодариме на сите кои со своите гласови придонесовте да ги одбереме најпопуларните книги за 2021 година! Продолжуваме со дарувања и објавување добитници на книги на нашите профили на социјалните медиуми, па следете нè! Следната година одиме со уште повеќе книги, уште повеќе гласови, уште повеќе награди!

RCBAwards - Книга на годината 02 312 2708 info@kniganagodinata.mk