ПРОЧИТАЈТЕ ШТО ПОВЕЌЕ ПРЕД ДА ГЛАСАТЕ!

Image Alt
номинирани книги

Прочитај што повеќе пред да гласаш

Куќа без прозорци

499 ден

Живописна, незаборавна приказна за едно тешкозамисливо сестринско поврзување – емоционално моќна и незаборавна сага за пријателството, сторија што фрла светлина врз маките на жената во една традиционална култура, од авторката на бестселерите „Бисерот што ја скрши школката’ и „Кога месечината е ниско“.
Цели две децении Зеба била сопруга полна со љубов, стрплива мајка, мирна селанка. Но, нејзиниот тивок живот се урива кога нејзиниот сопруг Камал е пронајден убиен со секира во дворот од нивната куќа. Речиси сосема одземена од шокираност, Зеба не е во состојба да каже каде била и што правела во моментот на неговата смрт. Нејзините деца се колнат дека е невозможно мајка им да извршила таков морничав чин. Семејството на Камал е сигурно дека таа го сторила тоа и бара правда. Зеба за малку избегнува да биде линчувана од одмаздничката толпа, уапсена е и однесена в затвор.
Додека чека судење, Зеба запознава група жени, чијашто несреќна судбина ги донела во овие мрачни ќелии: 18-годишната Нафиса, затворена за да биде заштитена од крвна одмазда; 25-годишната Латифа, која како тинејџерка избегала од дома, но уште останува во затворот бидејќи тука наоѓа безбедно засолниште; 22-годишната Мезган, бремена и немажена, која чека судот со налог да го присили нејзиниот љубовник да се ожени за неа. Ладнокрвен убиец ли е Зеба, се прашуваат младиве жени, или, како и тие, е фрлена в затвор зашто прекршила некое правило на општеството? Затворот за овие жени истовремено е и прибежиште, и казна; тргнати настрана од надворешниот суров свет што не простува, тие меѓусебно се поврзуваат во жива и неуништлива сестринска врска.
Во овој затворен свет доаѓа Јусуф, адвокатот на Зеба, млад Авганистанец роден овде, а пораснат во Америка, кој се вратил поради личната посветеност кон борбата за човекови права и поради желбата да ѝ помогне на својата родна земја. Судбината на оваа навидум сосема обична домаќинка е во негови раце, а тој открива дека, како и самиот Авганистан, неговата клиентка, можеби, воопшто не е тоа што тој замислува дека е.
Трогателен приказ на животот на авганистанските жени во денешно време, Куќа без прозорци е неверојатно, застрашувачко и триумфално четиво.

Категорија:
Сподели ја љубовта кон книгите

дополнителни информации

Издадена

2020 година

Издавач

Топер

Оценка

Уште нема мислења.

Напишете мислење за “Куќа без прозорци”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Мој профил
За гласање и нарачување на сајтот, може да се регистрирате како корисник или пак да се најавите со Facebook.
RCBAwards - Книга на годината 02 312 2708 info@kniganagodinata.mk