ПРОЧИТАЈТЕ ШТО ПОВЕЌЕ ПРЕД ДА ГЛАСАТЕ!

Image Alt
номинирани книги

Прочитај што повеќе пред да гласаш

Единственото сеќавање на Флора Бенкс

350 ден

„Ја гледам раката. Не неа пишува: ФЛОРА. Биди храбра.“
Десет години имав кога се промени сè.. Осум години ми важи пасошот. Шест луѓе ме бараат на студот. Четири години имав кога ја запознав најдобрата другарка. Едно сеќавање е сè што имам. возбудлива, непредвидлива, уникатна, трогателна, охрабрувачка… Книга што нема да ја заборавите никогаш!
Флора Бенкс има седумнаесет години и има амнезија. Сè што ѝ се случува, многу брзо го заборава. Постојано се обидува да се сети на минатото. Живее сега и тука. Но, една вечер ќе го бакне Дрејк и ќе се промени сè. Се сеќава на тој бакнеж. Тоа е првото сеќавање што успеа да го зачува од својата десетта година. Но, Дрејк отиде на Северниот пол, на Арктикот. Ќе успее ли да го пронајде? Ќе ѝ помогне ли тој да си го врати памтењето? Ќе успее ли љубовта да ја пoбеди амнезијата? Не ѝ преостанува ништо друго освен да се обиде. Мора да го пронајде, без оглед на сè! Мора да биде похрабра и порешителна! Ѝ преостанува само надежта!
Но на кого да верува на ова патување? На Дрејк, на најдобрата другарка, на родителите или… Во рацете држите книга во која е раскажана несекојдневна љубовна и животна приказна. Приказна која мотивира на упорна борба, а возбудливиот начин на кој е напишана, не го остава читателот ниту за миг. Го држи вниманието до самиот крај, кој не можете да го предвидите.
„Приказна што создава лесна атмосфера… волшебна… книга што брзо се чита и во која е спакуван силен емотивен набој.“ Гардијан

Категорија:
Сподели ја љубовта кон книгите

дополнителни информации

Издадена

2020 година

Издавач

Бата Прес

Оценка

Уште нема мислења.

Напишете мислење за “Единственото сеќавање на Флора Бенкс”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Мој профил
За гласање и нарачување на сајтот, може да се регистрирате како корисник или пак да се најавите со Facebook.
RCBAwards - Книга на годината 02 312 2708 info@kniganagodinata.mk