ПРОЧИТАЈТЕ ШТО ПОВЕЌЕ ПРЕД ДА ГЛАСАТЕ!

Image Alt
номинирани книги

Прочитај што повеќе пред да гласаш

Асистола

300 ден

Од авторката на Белешките на Лајла Грејс и Карма

Никогаш не мислев дека враќањето е толку тешко. Секогаш мислев дека е тешко да направиш чекор напред, а не чекор назад.

Има моменти кога животот нѐ носи на крстопат, кога мораме да се одлучиме за правецот по кој ќе тргнеме. Има ли таков пат што би нѐ ослободил од товарот на минатото за да можеме со леснотија да ја прегрнеме иднината?

По доживеаната лична трагедија, младата докторка Лена решава да го напушти својот живот во Виена и да се врати во родниот град. Растргната е меѓу напорните болнички смени, редовните средби со психотерапевтот, задржување на пријателството… и забранетите чувства што ненадејно ја обземаат кон Гаврил, познат и шармантен хирург, кои можат да ѝ ја уништат целата кариера. Обидувајќи се да најде  излез од емотивниот лавиринт, токму кога ќе реши да ги распакува големите куфери од Виена, животот ѝ носи нов пресврт.

Драматичен и полн со чувства, возбудлив од почеток до крај, романот Асистола нè носи таму каде што се води борбата за човековиот живот, но и за љубовта, борба за работите што ни даваат смисла и го тераат нашето срце да чука уште посилно.

Сподели ја љубовта кон книгите

дополнителни информации

Издадена

2020 година

Издавач

ТРИ

Оценка

Уште нема мислења.

Напишете мислење за “Асистола”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Мој профил
За гласање и нарачување на сајтот, може да се регистрирате како корисник или пак да се најавите со Facebook.
RCBAwards - Книга на годината 02 312 2708 info@kniganagodinata.mk