Image Alt

Reader's Choice Book Awards, 2022

Себастијан Фицек со видео порака за македонските читатели!

Сподели ја љубовта кон книгите

Себастијан Фицек лично им се заблагодарува на македонските читатели кои ја изгласаа неговата книга Патник 23 (издание на Сакам Книги) за книга на 2020 година во рамки на Reader’s Choice Book Awards: Изборот на книга на годината кој се одвиваше овој ноември на www.kniganagodinata.mk.

Авторот вели дека е пресреќен што македонските читатели толку ги сакаат неговите книги и што ја изгласале токму Патник 23 за Книга на годината. Тој додава и дека се надева дека по завршувањето на пандемијата ќе може лично да дојде и да се запознае со некои од нив.

Издавачката куќа Сакам Книги веќе подготвува нова книга од Фицек, Seat 7A.

Погледнете го видеото од авторот во продолжение:

Напиши коментар

RCBAwards - Книга на годината 02 312 2708 info@kniganagodinata.mk