Image Alt

Reader's Choice Book Awards, 2020

Објавени резултатите од гласањето за Reader’s Choice Book Awards!

Сподели ја љубовта кон книгите

Некоја минута пред полноќ заврши гласањето за Избор на книгa на годината и на www.kniganagodinata.mk се објавени топ 5 книги во секоја категорија според добиени гласови од читатели од целата земја. Финалните резултати детално за секоја категорија може да се видат на линковите на кои досега се гласаше по жанрови (Номинации 2020 во главното мени), а топ 5 книгите со најмногу освоени гласови може да ги погледнете на овој линк.

Комисијата деновиве работи на анализирање на податоците од продажби на книжарниците, како и листите за најбарани книги низ земјата добиени од библиотеките и набрзо ќе бидат објавени сите награди:

  1. Наградени книги според читателите: Reader’s Choice
  2. Најпродавани книги во книжарниците
  3. Најбарани книги во библиотеките
  4. Посебни награди од комисија
  5. Како и награда за севкупна книга на годината според сите критериуми на Изборот, сите гласови, добиени податоци и останати статистики.

Ви благодариме на сите кои со своите гласови придонесовте да ги одбереме најпопуларните книги за 2020 година! Продолжуваме со дарувања и објавување добитници на книги на нашите профили на социјалните медиуми, па следете нè! Следната година одиме со уште повеќе книги, уште повеќе гласови, уште повеќе награди!

И секако, следете нè во текот на следните два дена до објавувањето на СИТЕ наградени книги и издавачи.

Мој профил
За гласање и нарачување на сајтот, може да се регистрирате како корисник или пак да се најавите со Facebook.
RCBAwards - Книга на годината 02 312 2708 info@kniganagodinata.mk