Image Alt

Reader's Choice Book Awards, 2020

Наградени книги и издавачи на првиот Избор на книга на годината (Reader’s Choice Book Awards)

Сподели ја љубовта кон книгите

По 10 дена гласање на www.kniganagodinata.mk, на полноќ официјално заврши гласањето и македонските читатели ги избраа своите омилени книги за 2020 година. Според гласовите на читателите, ова се наградените книги по категорија:

 

Категорија ТРИЛЕРИ И МИСТЕРИИ

  1. Прво место, Патник 23 од Себастијан Фицек
  2. Второ место, Пациентот од Себастијан Фицек
  3. Трето место, Полиција од Ју Несбе

Категорија РОМАНСИ

  1. Прво место, Избриши ги солзите од Линда Хауард
  2. Второ место, Напишано со каење од Али Мартинез
  3. Трето место, Господинот од Е.Л.Џејмс

Категорија ИСТОРИСКИ ДРАМИ

  1. Прво место, Изгубената ќерка од Џил Пол
  2. Второ место, Солта во морето од Рута Шепетис
  3. Трето место, Заветот на кралицата од К.В.Гортнер

Категорија ЖЕНСКА ФИКЦИЈА

  1. Прво место, Тајната на Алексови од Наде Стојилковиќ
  2. Второ место, Последната камелија од Сара Џио
  3. Трето место, Куќа без прозорци од Надија Хашими

Категорија ДОМАШНИ АВТОРИ

  1. Прво место, Тајната на Алексови од Наде Стојилковиќ
  2. Второ место, Сопругата на детективот од Мирјана Проданова
  3. Трето место, Куќата со жолта фасада

Категорија YOUNG ADULT

  1. Прво место, Без каење од Колин Хувер
  2. Второ место, Хари Потер и каменот на мудроста од Џ.К.Роулинг
  3. Трето место, Плачот на срната од Слаѓан Славенски

Категорија НЕФИКЦИЈА

  1. Прво место, Сестрите Романови од Хелен Рапапорт
  2. Второ место, Зошто јас? Од Мартин Јованоски
  3. Трето место, Ти си ѕвер од Џен Синсеро

Категорија ДЕТСКИ КНИГИ И СЛИКОВНИЦИ

  1. Прво место, Бонтон за деца (Светот на Биби)
  2. Второ место, Приказни за добра ноќ на мама Ана (Светот на Биби)
  3. Трето место, Лисичката плетачка (едиција Светулка)

Категорија ПОЕЗИЈА

  1. Прво место, Сакај ја диво, Атикус
  2. Второ место, Белиот шепот, Лидија Давидовска
  3. Трето место, Стаклени сенки, Милчо Мисоски

За реализирање на Reader’s Choice Book Awards добивме инпут за продажбата по издавачи од 15тина поголеми книжарници во Скопје и врз основа на добиените податоци, наградите Најпродавани книги во книжарниците (по издавач) за 2020 година, ги распределивме вака:

Најпродавани книги во книжарниците за 2020 година имаат издавачите:

  1. Прво место, Издавачки центар ТРИ
  2. Второ место, Издавачка куќа Сакам Книги
  3. Трето место, Издавачка куќа Арс Ламина

За доделување на наградите Најбараните книги во библиотеките за 2020 година, добивме податоци и листи од речиси сите поголеми библиотеки во земјата и по анализирање на податоците, комисијата ги распредели наградите на следниот начин:

Најбарани книги во библиотеките за 2020 година имаат издавачите:

  1. Прво место, Издавачка куќа Сакам Книги
  2. Второ место, Издавачка куќа Матица
  3. Трето место, Издавачки центар ТРИ

Комисијата исто така додели 3 награди за специјален придонес во издаваштвото на следните издавачи:

  1. На издавачката куќа Антолог, за реализирање на фестивалот Букстар во вонредните и неверојатно отежнати околности во кои живееме со месеци. Некој друг можеби ќе се откажеше, но Антолог го направија невозможното возможно и организираа одлична манифестација, прилагодувајќи се на новонастанатата ситуација.
  2. На издавачката куќа Арс Ламина, за едицијата со ексклузивни изданија од Петре М. Андреевски, илустрирани од неговата внука Воскресија Андреевска.
  3. На издавачката куќа Или Или, за најголем придонес за промовирање домашни автори.

За крај на наградите за 2020 година, Книга на годината со најмногу освоени гласови од читателите во сите категории, Патник 23 од Себастијан Фицек. Книга од автор кој со години е на топ листите на најпродавани во земјата и еден од најбараните во библиотеките.

Во Reader’s Choice Book Awards, 2020 се регистрирани речиси 9.000 гласови од читатели. Со оглед на тоа дека ова е прво одржување на Изборот, научивме многу за процесот и веќе планираме одредени усовршувања за следната година, а секако и многу повеќе гласачи. Планираме дополнително да го олесниме процесот на гласање, да го поедноставиме веб сајтот за да се фокусира само на номинациите и гласањето, да направиме полуфинален и финален круг за да добиеме поголема концентрација на гласови во топ 5 и уште низа други идеи кои дополнително ќе го унапредат Изборот и ќе го направат уште поинтересен за читателите. Повеќе за ова наскоро на www.kniganagodinata.mk!

 

Мој профил
За гласање и нарачување на сајтот, може да се регистрирате како корисник или пак да се најавите со Facebook.
RCBAwards - Книга на годината 02 312 2708 info@kniganagodinata.mk