
Наградени книги и издавачи на Изборот на книга на годината (Reader’s Choice Book Awards) 2021
По 10 дена гласање на www.kniganagodinata.mk, на полноќ официјално заврши гласањето и македонските читатели ги избраа своите омилени книги за 2021 година. Според гласовите на читателите, ова се наградените книги по категорија:
Категорија ТРИЛЕРИ И МИСТЕРИИ
- Прво место, Убиецот со распетието од Крис Картер
- Второ место, На пат кон дома од Себастијан Фицек
- Трето место, Човек од костени од Сорен Свејструп
Категорија РОМАНСИ
- Прво место, Шефот од соништата од Вај Киленд
- Второ место, Куба од моите соништа од Шанел Клитон
- Трето место, Седумте мажи на Евелин Хуго од Тејлор Џенкинс Рејд
Категорија ИСТОРИСКИ ДРАМИ
- Прво место, Искра надеж од Џулијан Меклејн
- Второ место, Птиците умираат пеејќи од Колин Мекалоу
- Трето место, Четирите ветришта од Кристин Хана
Категорија ЖЕНСКА ФИКЦИЈА
- Прво место, Те молам внимавај на мама од Кјонг-Сук Шин
- Второ место, Прекрасната самотија од Кристин Хана
- Трето место, Загубената сестра од Лусинда Рајли
Категорија ДОМАШНИ АВТОРИ
- Прво место, Во војната и љубовта од Верица Митева
- Второ место, Храмот на натписите од Петар Стојановски
- Трето место, Куклата на Ана од Наде Стојилковиќ
Категорија YOUNG ADULT
- Прво место, Коски на срцето од Колин Хувер
- Второ место, Дамски гамбит од Волтер Тевис
- Трето место, Хари Потер и пламениот пехар од Џ.К.Роулинг
Категорија НЕФИКЦИЈА
- Прво место, Закопајте ми го срцето кај ранетото колено од Ди Браун
- Второ место, Подарокот од Едит Егер
- Трето место, За што зборувам кога зборувам за трчањето од Харуки Мураками
Категорија ДЕТСКИ КНИГИ И СЛИКОВНИЦИ
- Прво место, Мистериозниот град под калето од Александра Тодоровиќ
- Второ место, До небото и назад (едиција Светулка)
- Трето место, Кој се плаши од Црвенкапа од Сара Шахинканат
Категорија ПОЕЗИЈА
- Прво место, Песни, Есенин
- Второ место, Девет преобразби во чудната шума, Пандалф Вулкански
- Трето место, Невино време, Иван Иванов
За доделување на наградите Најбарани книги во библиотеките за 2021 година, добивме податоци и детални листи од базата на COBISS.MK за сите поголеми библиотеки во земјата и по анализирање на податоците, комисијата ги распредели наградите на следниот начин:
Најбарани книги во библиотеките за 2021 година имаат издавачите:
- Прво место, Издавачка куќа Сакам Книги
- Второ место, Издавачка куќа Матица
- Трето место, Издавачка куќа Култура
Комисијата исто така додели 3 награди за специјален придонес во издаваштвото на следните издавачи:
- На издавачката куќа Антолог, за оригиналниот и максимално иновативен проект Книжарница на тркала, кој е првиот ваков проект на нашите простори и секојдневно ги доближува книгите до сите читатели во земјата. Ваквите идеи ретко доаѓаат и се гордост на ниво на целото издаваштво во земјата, не само на заслужниот издавач.
- На издавачката куќа Три, за целокупната замисла, градација и реализација на проектот Стела и Сани: сликовници, детски книги, боенки и тетратки, книги за млади читатели и детски песнички со видео записи на Youtube. Навистина обемен, комплетен и прекрасен проект.
- На издавачката куќа Чудна шума, за особен придонес во сферата на детската литература, за креативноста и иновативноста на изданијата и промовирање на читањето кај децата. Билјана Црвенковска е посебна сила и редок талент кога се работи за литературата за деца!
За крај на наградите за 2021 година, Книга на годината со најмногу освоени гласови од читателите во сите категории, е Коски на срцето од Колин Хувер со освоени 1597 гласови. Книга од авторка која со години е на топ листите на најпродавани во земјата и една од најбараните во библиотеките. Евиденцијата на COBISS само дополнително потврдува дека книгите на Колин Хувер се едни од најизнајмуваните во целата земја во текот на годината, а во поглед на продажбата, од Коски на срцето се продадени повеќе од 2250 примероци за неполни 10 месеци.
Во Reader’s Choice Book Awards, 2021 се регистрирани над 40.000 гласови од читатели во деветте жанровски поделени категории. Најмногу гласови имаше во категориите Романси, Трилери, Домашни автори и Женска фикција, а најмалку во категориите Поезија, Детски книги и сликовници и Нефикција.